Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Димовски, на својот фејсбук-профил често објавува слики од настани заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ.

Димовски, на својот фејсбук-профил често објавува слики од настани заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Сумирајќи ја 2025 година, тој постави слика заедно со премиерот и со потпретседател на Владата Беким Сали, објаснувајќи дека тоа е слика за „добредојде во тимот на новиот потпретседател на Владата на Република Македонија, д-р Беким Сали“.

 

Димовски, Сали и Мицкоски. Фотографија: Фејсбук профил на Димовски

„Да ја завршуваме полека годината. Година исполнета со многу работа, посветеност, истрајност и искрена желба за успех. Никој од нас не се штедеше ни најмалку. Дел од резултатите се евидентни, а позначајните ќе се видат уште на почетокот на следната година. Македонија ќе биде повторно горда!“, напиша Димовски.

Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител.
Во 2019 година Димовски беше на тапет од СДСМ дека купувал евтино земјиште и бил во бизнис со струја.

-Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети. Ако сто илјади пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска височина од 1.500 метри купено од друго правно лице, каде сега имам насадено ореви – пишуваше во писмената изјава на Димовски.

Што се однесува до темата хидроцентрала, тој изјавил дека поседува едноцифрен удел во компанија која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законски и подзаконски акти.

 

Разрешен е директорот на Развојната банка, кадар на СДСМ, кој го наследува?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот