Нова студија: Викинзите стапнале на американско тло долги години пред Колумбо

„L'Anse aux Meadows“ Канада/ Фото Youtube Screenshot

Викинзите го преминале Атлантскиот Океан со своите бродови и се населиле во Канада уште во 1021-ра година, тврдат научниците во новата студија која сакала да открие точно кога Европејците дошле на американско тло, пренесува Си -Ен -Ен.

Истражувањето на дрвените артефакти покажува дека скандинавските воини веќе биле активни на континентот пред точно 1000 години. Ова сугерира дека тие биле првите луѓе што го преминале Атлантикот во Америка, претркувајќи го Колумбо за 471 година.

Местото познато како „L’Anse aux Meadows“, се наоѓа на северниот полуостров Њуфаундленд, а истражувачите дојшле до конечниот резултат, односно до конечната година, благодарение на два извора: расцепено дрво и сончева бура што се случиле пред повеќе од илјада години.

Кога Викинзите стигнале до ливадите на „L’Anse aux“, ги исекле дрвјата со метални сечила, кои не биле произведени од домородното население кое живеело во областа во тоа време. Дрвените парчиња, оставени во населбата, израснале со три различни стебла. Внатре во овие парчиња имало прстени кои вклучиле јасни индикации дека станува збор за 993-та година. Лани, научниците потврдија дека се случила голема сончева бура која испуштила струја од космички зраци или честички со висока енергија од сонцето со речиси брзина на светлината. Овој феномен е изразен и чест „потпис“ во годините на дрвјата и показател дека датира од 993-та година.

 

Главниот доказ

„Значителниот напредок во производството на јаглерод, што се случил помеѓу 992 и 993 година, бил откриен во архивите на дрвјата од целиот свет“, рече Мајкл Ди, главен автор на студијата и вонреден професор по изотопна хронологија на Универзитетот во Гронинген во Холандија.

Сите три дрвени предмети го покажуваат истиот знак од сончевата бура: точно 29 години пред да се сретнат со работ на кората.

„Наоѓајќи знаци од сончевата бура, заклучивме дека активноста на сечење на наведеното дрво се случиле во 1021 година од нашата ера – рече Маргот Куитемс, коавторка и постдокторска истражувачка на Универзитетот во Гронинген.

Студија што ги вклучува овие наоди беше објавена во средата во списанието „Nature“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот