Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Нова пресметка на суперкомпјутерот на „Опта“: Познат најголемиот фаворит за трофејот во ЛШ

Се ближи завршницата во Лигата на шампиони, а натпревари од четвртфиналето се играат вечерва и утре. Реал Мадрид ќе го пречека Баерн Минхен, Спортинг Лисабон ќе игра против Арсенал, додека утре на Камп Ноу силите ќе ги одмерат Барселона и Атлетико Мадрид, а во Франција ќе се сретнат ПСЖ и Ливерпул.

Суперкомпјутерот на „Опта“ направи дури 10.000 симулации за можниот тек на натпреварувањето. Според анализите, Арсенал е најблизу до полуфинале со 78,12% шанси, пред Барселона (68,05%), Баерн Минхен (62,97%) и ПСЖ (58,38%).

Кога станува збор за титулата, англискиот тим повторно се издвојува како главен фаворит со 27,96% веројатност за освојување на трофејот. Баерн Минхен следи со 20,88%, додека Барселона има 17,39% шанси.

Актуелниот шампион ПСЖ има 11,56% шанси да ја одбрани титулата, додека Реал Мадрид се проценува со 8,97% за нов, 16-ти европски трофеј. Ливерпул има 6,52%, а шансите на Атлетико Мадрид (3,66%) и Спортинг Лисабон (3,06%) се сведени на минимум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот