Фото: МВР / илустрација

Нова несреќа на улиците: Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал

Автомобил прегазил 13-годишно девојче на улица во Гостивар, по што возачот веднаш побегнал од местото. Девојчето е тешко повредено иа полицијата трага по возачот, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Несреќата се случила вчера околу 12:30 часот на улицата „Павле Аврамоски“.

„Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар“, информира Реџепи.

Екипа од ОВР Гостивар веќе извршила увид на местото на настанот. Полицијата презема интензивни мерки за идентификација на возилото и пронаоѓање на возачот кој го прегазил детето.

Оваа несреќа е само една во низата несреќи на патиштата низ државата, на само два дена пред почетокот на „Безбеден град“.

Жена прегазена на крстосница во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот