Булевар „Крсте Мисирков“ - Скопје | Фото: Принтскрин/ГуглМапс

Продолжува црната серија на патиштата во Скопје: прегазена е 19-годишна девојка

Тешка сообраќајна несреќа во која е повредена 19-годишна девојка се случила синоќа на една од сообраќајниците во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 21 јануари 2026 година, околу 20 часот, на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (25) од Скопје, удрило во пешачката А.И. (19) од селото Арачиново.

Во несреќата, 19-годишната девојка се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите биле констатирани од лекарска екипа.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Оваа сообраќајна несреќа доаѓа во период кога по Нова година е забележливо зачестување на тешки инциденти на македонските сообраќајници.

Во празничните денови пред Божик, маж го загуби животот откако беше прегазен во скопската населба Волково, а само неколку дена подоцна, во Топанско Поле, уште еден возач – според сведочењата на граѓаните, тинејџер кој возел со неприспособена брзина – прегази човек.

Пред околу една недела, пак, жена беше прегазена на крстосница во Охрид, што повторно ја отвори јавната дебата за безбедноста во сообраќајот и контролата на возачите.

Жена прегазена на крстосница во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот