Нова љубов на повидок: Леонардо ди Каприо се забавувал со помалата сестра на Кејт Мос

Фото: Patricia DE MELO MOREIRA / AFP / Profimedia

Леонардо ди Каприо е познат по својата наклонетост кон помладите жени. Сега, 30 години откако излегувал со нејзината постара сестра Кејт Мос, Лео ја поминал ноќта забавувајќи се со Лоти Мос (25) во ноќниот клуб „Chiltern Firehouse“ во Лондон. Очевидци за „Дејли меил“ откриле дека тие седеле заедно за време на забавата.

„Ги имате Леонард и Лоти во иста просторија, природно тие гравитираа еден кон друг“, изјавил извор за „Дејли Меил“.

„Разговараа и се смееја до доцните часови, додека не дојде време за заминување. Тие го напуштија клубот во раните часови откако одлично се забавуваа. Ова ги наведе луѓето да озборуваат, бидејќи и двајцата се познати личности кои уживаат во убаво време“, додал изворот.

„Лео и Лоти одлично се забавуваа и делуваа многу блиски. Пристигнаа одвоено, но со само неколку минути разлика и беа на маса со други пријатели. Нивната блискост привлече внимание, а луѓето во клубот ја спомнаа Кејт како и фактот дека Лоти е на вистинската возраст за Лео“ , изјавил друг извор за „Сан“ (The Sun).

Фото: Инстаграм/ lottiemossxo

Лоти претходно, девет месеци се забавуваше со Алекс Митон од „Made In Chelsea“ во 2017 година. Таа потоа беше поврзана со тапанарот на „The Vamps“, Тристан Еванс , како и со Бруклин Бекам и ТВ водителот Роман Кемп .

Претходно истата вечер, Ди Каприо (49) бил на лондонската проекција на неговиот најнов филмски хит „Killers Of The Flower Moon“ со неговата колешка Лили Гладстон.

Лоти Мос не била ни родена кога Ди Каприо бил во кратка врска со нејзината сестра Кејт во декември 1993 година, непосредно пред таа да се забавува со Џони Деп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот