Нова ера во Баерн Минхен: Румениге си замина, доаѓа Кан

epa07803892 Bayern Munich's president Uli Hoeness (not seen) receives a farewell gift from Bayern's CEO Karl-Heinz Rummenigge (R) during a press conference at the Allianz Arena in Munich, Germany, 30 August 2019. Hoeness announced he will not be available for another term as the president of the club and head of the advisory board. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Карл-Хајнц Румениге се повлекува од функцијата претседател на Управниот одбор на Баерн Минхен, објави германскиот тим.

Румениге требаше да си замине од оваа функција пред крајот на годината, но одлучи да го стори тоа шест месеци порано за неговиот наследник, Оливер Кан, од почетокот на сезоната да може да ја преземе неговата работа.
– Ова е стратешки најразумно и логично време за заминување. Се приближуваме на крајот на финансиската година, а во исто време започнува нова фаза во клубот со нов стручен штаб. За новата сезона уште самиот старт треба да биде задолжен Оливер Кан како нов извршен директор – изјави Румениге.

Негов наследник на челната позиција во Баерн Минхен ќе ја презеде легендарниот германски голман, Оливер Кан.
– Во последните 18 месеци се запознав со сите аспекти во Баерн, добро знам како функционира клубот и какви предизвици не очекуваат – изјави Кан.

Карл-Хајнц Румениге е жива легенда на Баерн Минхен и е еден од најзаслужните за создавањето на баварскиот гигант. Во клубот дојде уште 1974 година од Борусија Липштад како играч. Одигра 310 натпревари за баварците и постигна 162 гола и два пати триумфираше во тогашниот Куп на Европски шампиони, два пати беше најдобар фудбалер во Европа, два пати беше германски шампион, два пати го освои германскиот Куп и еднаш беше европски шампион со репрезентацијата на Германија.

Десет години подоцна, неговиот доскорешен соработник во Баерн, Ули Хенес го продаде на Интер за 10 милиони марки и со тоа го спаси клубот од банкрот. Тоа беше вториот најголем трансфер во тогашниот фудбал по тој на Диего Марадона.

Во Баерн Минхен се врати 1991 година и тоа како потпретседател за во 2002 година да стане и претседател на Управниот одбор. На оваа функција Румениге имаше уште поголеми успеси и два пати ја освои тројната круна (Бундеслигата, германски Куп и ЛШ) во 2013 и 2020 година, а дури 14 пати беше шампион во Бундеслигата.
Румениге по заминувањето од Баерн Минхен, ќе продолжи да работи во Извршниот одбор на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот