Нова драма пред почетокот на Евровизија — Израел доби опомена поради промотивното видео за поддршка на нивниот претставник
На само неколку дена пред 70. издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај, Европската радиодифузна унија (EBU) издаде предупредување до израелската радиодифузна компанија КАН за кршење на нејзините правила. Оваа година, Израел го претставува Ноам Бетан со песната „Мишел“, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Проблемот настана поради промотивно видео во кое израелскиот претставник, на 13 јазици, ги повикува гледачите да гласаат за Израел десет пати. ЕБУ го потврди инцидентот во официјално соопштение издадено од директорот на Евровизија, Мартин Грин.
– Во петок, 8 мај, бевме предупредени за видеа со упатство на екранот „гласајте 10 пати за Израел“, кои беа објавени од изведувач кој го претставува КАН. Ја контактиравме израелската делегација во рок од 20 минути и ги замоливме веднаш да ја запрат дистрибуцијата на овие видеа и да ги отстранат од сите платформи. Тие веднаш го исполнија ова барање – рекол Грин.
Иако видеата што повикуваат на гласање не се невообичаени, директното упатување на еден број да испрати максимален број гласови за една земја е спротивно на правилата. Грин го разјасни ставот на ЕБУ.
Israel’s Eurovision 2026 singer is doing promotional advertisements for Semi Final 1 this year in the languages of Azerbaijani, Dutch, English, French, German, Greek, Italian, Maltese, Portuguese, Spanish, Swedish, and Ukrainian.
Below is the Spanish video: pic.twitter.com/yZFuBepOAQ
— Adam Mc Callig (@_allthingsadam_) May 8, 2026
– Правилата за гласање се првенствено насочени кон одвраќање на големи кампањи финансирани од трети страни и задоволни сме што ова видео не беше дел од таква кампања. Сепак, директниот повик за акција да се гласа за еден уметник десет пати не е во согласност со нашите правила или духот на натпреварот – се вели во соопштението.
Додадено е дека таквата активност не може да влијае на конечниот резултат поради големиот број гласови и фактот дека 50 проценти од исходот го одредуваат стручни жирија. ЕБУ соопшти дека ќе преземе соодветни мерки доколку таквата практика продолжи.
По предупредувањето, фановите на Евровизија на социјалните медиуми потсетија дека радиодифузерите од Ирска, Исланд, Холандија, Словенија и Шпанија, кои оттогаш се повлекоа од натпреварот, претходно предупредија за можна злоупотреба од страна на израелскиот радиодифузер КАН. Тие го обвинуваат дека го користи натпреварот за политички цели.
Во објавите на социјалните мрежи се тврди дека израелските коментатори во преносите во живо ги повикале гледачите да не гласаат за земјите што го критикувале учеството на Израел.


