Нов воен брод на САД вплови во води близу Блискиот исток – Слободен печат
ВестиПланета

Нов воен брод на САД вплови во води близу Блискиот исток

Во соопштението се наведува дека американскиот воен брод УСС Боксер, заедно со два амфибиски брода за транспорт и истоварување УСС Џон Мурта и УСС Карперс Фер пристигнале во областа.

Американската морнарица објави дека уште еден нивни воен брод пристигнал во води на Блискиот Исток.

Во соопштението се наведува дека американскиот воен брод УСС Боксер, заедно со два амфибиски брода за транспорт и истоварување УСС Џон Мурта и УСС Карперс Фер од Индискиот Океан, пристигнале во зоната на одговорност на Петтата флота.

Морнарицата не прецизира каде точно се бродовите.

Петтата флота на САД, што се наоѓа во Бахреин, е задолжена за следење на присуството на морнарицата во Персискиот залив и во околните води на Блискиот Исток.

САД веќе се во регионот со американскиот носач на авиони Абрахам Линколн и придружни бродови испратени во мај, како резултат на зголемувањето на тензиите со Иран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close