Фото: илустрација / rawpixel.com / CC 1.0

Нов ужас меѓу деца во Скопје: момче со месеци принудувало 12-годишно девојче да му праќа интимни снимки

Мајка на 12-годишно девојче од Скопје вчера пријавила во полиција дека момче, кое исто така е малолетно, но возраста во соопштението на МВР не се открива, од март наваму под закана ја принудувало нејзината ќерка да му испраќа експлицитни слики и видеа.

„На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во кусото полициско соопштение.

Ова е последен во низата вознемирувачки случаи на насилство меѓу деца во Скопје, од кои јавноста посебно ја згрози малтретирањето на девојче од Ѓорче Петров од страна на неколку други девојчиња.

Тој, за жал, не е и единствениот случај на насилство меѓу деца во изминатото деноноќие. Во Прилеп, татко на ученик пријавил дека повеќе деца го нападнале неговиот син додека биле на училиште, на час по физичко образование. Врсниците насилници тепањето го снимале со телефон, соопшти полицијата.

Според информациите, момчето било физички нападнато од негови соученици. Случајот го пријавил таткото на детето, 36-годишен жител на Прилеп.

Неделава во училиштето „22 ноември“ во скопската населба Ченто се случи крвав инцидент, кога 15-годишен тинејџер влезе во училиштето и избоде со нож 14-годишен ученик, нанесувајќи му повреди опасни по животот.

Во критична состојба е момчето избодено со нож во училиште во Ченто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот