Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во критична состојба е момчето избодено со нож во училиште во Ченто

15-годишното момче кое вчера било прободено со нож од негов врсник во училиште во скопската населба Ченто е во критична состојба на скопските клиники. Директорот на Ургентниот центар, д-р Игор Мерџаноски, за „Вечер“ потврдува дека детето е оперирано и дека состојбата е сериозна.

Претходно, полицијата информираше дека е уапсен 15-годишен насилник, кој вчера влегол во основното училиште „25 Мај“ во Ченто и го нападнал врсникот, задавајќи му неколку убоди со остар предмет.

„На 11.5.2026 во 14:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

15-годишен насилник влегол во училиште во Ченто и со нож избол врсник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот