Нов роман: „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски

Романот „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски, објавен од „Матица Македонска“, е лоциран во време во кое мислиме дека целиот свет е наш, а всушност, ништо не е наше, па луѓето повеќе живеат во она што го немаат одошто во она што го имаат. Го посакуваме она што го немаме, заборавајќи го она што го имаме.

Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска радост. Врвна проза на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност. Маркантно, впечатливо дело, почнувајќи од лексичката свежина, преку антологиските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната.

Божин Павловски подвлекува дека „Фантомско стапало“ е „приказна на чудесна и уникатна имагинација, дело што може да го креира само голем сонувач, магионичар на зборот. Роман со неповторлив стил, прекрасни мисли, со богата и раскошна лексика, сјаен одблесок во македонската проза“, а Јордан Плевнеш, пак, смета дека станува збор за „маестрален роман што треба да биде читан на сите меридијани и на сите светски јазици. Приказна што предизвикува солзи, смеа и чудотворни фасцинации. Дело на светски автор од македонско потекло“.

Раде Силјан во рецензијата за „Фантомско стапало“ истакнува дека најновиот роман на Миневски е „брилијантно, слоевито дело, кое спаѓа во врвот на македонската проза“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 53, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот