„Матица македонска“ ќе промовира книга со есеи за книжевноста за деца од Весна Мојсова-Чепишевска
Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал 2“, во петок, на 5 јуни, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ‘Црвенкапа’ до ‘Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу …

