Елче - Еспањол/Screenshot

Нов расистички скандал во Шпанија – му кажал дека е мигрант кој во Шпанија дошол со чамец

Ла Лига отвори дисциплинска постапка поради инцидентот што се случи викендов на дуелот меѓу Елче и Еспањол, а во центарот на вниманието се најде фудбалерот Рафа Мир.

Според наводите, во 78. минута од натпреварот Мир упатил навредлив и недоличен коментар кон противничкиот играч Омар Ел Хилали, поврзана со мигрантите кои пристигнуваат во Шпанија преку морски пат.

Ел Хилали веднаш реагирал и го известил главниот судија за изреченото, по што бил активиран протоколот против расизам и средбата привремено беше прекината.

Од раководството на шпанското првенство потврдуваат дека случајот е предмет на темелна истрага и најавуваат дека во наредниот период ќе бидат објавени дополнителни информации и можни санкции.

Натпреварот по инцидентот продолжи и на крајот заврши без победник 2-2, а токму Рафа Мир беше еден од стрелците за домашниот состав во финишот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот