Нов парфем од Џуд Ло: Мириса на пот, крв и измет

Фото: Instagram/ Jude Law

Британскиот актер и холивудска ѕвезда Џуд Ло создаде свој парфем за снимањето на новиот филм „Firebrand“, за кралот Хенри Осми. Но, она што го прави овој парфем посебен е неговиот специфичен мирис.

Имено, ѕвездата за време на премиерата на Канскиот филмски фестивал, откри дека направил парфем со мирис на крв, фекални материи и пот, за автентично да ги претстави последните денови на монархот, во времето кога бил со неговата шеста и последна сопруга. Улогата на шестата сопруга на Хенри, Кетрин Пар ја игра младата актерка Алиша Викандер.

Фото: Instagram/ Jude Law

Актерот нашол специјалист за парфеми, за да создаде мешавина што правилно ќе го долови мирисот на кралот за време на неговите денови кога страдал од чир на нозете.

„Прочитав неколку интересни извештаи дека можете да го мирисате Хенри три соби подалеку. Ногата му скапувала толку многу. Тој ја сокривал реата со масло од роза“, изјавил Џуд Ло на прес-конференцијата.

Режисерот на филмот Карим Аинуз се присети дека мирисот е ужасен, кој се провлекувал низ целиот сет додека траело снимањето.

„Кога Џуд влезе на снимањето, беше едноставно ужасно“, рекол Аинуз.

Без разлика на непријатната миризба, актерот рекол дека тој и Алиша Викандер успеале да одржат безгрижна соработка на снимањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот