Нов Гинисов рекорд: Ова е најскапата порција помфрит во светот

најскапиот помфрит
Фото: Instagram / Serendipity 3

Најскапата порција помфрит чини 200 американски долари, проширувајќи ја дефиницијата за висока кујна.

Ресторанот „Serendipity 3“ во Менхетен во своето мени ги има најскапата плескавица во светот која чини 295 американски долари и порција сладолед кој чини 1.000 долари. А, сега го имаат и најскапиот помфрит во светот добивајќи нов Гинисов рекорд. Од 13 јули, овој помфрит е официјално најскапиот на Земјата.

„Ресторанот „Serendipity“ е навистина среќно место“, рече креативниот директор и готвач Џо Калдероне. „Луѓето доаѓаат овде да слават, понекогаш навистина да избегаат од реалноста на животот“, вели тој.

Специјалниот помфрит е составен од компири „Chipperbec“. Тие се бланширани – или попарени – во оцет и шампањ. Истите потоа се пржат во чиста маст од гуска, не масло, и не еднаш туку двапати, па однадвор се крцкави, а одвнатре меки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serendipity 3 (@serendipity3nyc)

Попрскани со злато и зачинети со сол од тартуфи и масло од тартуфи, тие се сервираат на кристална чинија со орхидеи, тартуфи на тенки парчиња и сос „Mornay“.

„Туртуфот е главната ѕвезда овде“, вели извршниот готвач Фредерик Шен-Киврт.

Како и многу ресторани, „Serendipity 3“ беше затворен за време на пандемијата, а Калдероне и Шен-Киверт сметале дека овој специјален помфрит ќе биде добар начин да се објави повторното отварање.

Имено, доколку сакате да го пробате овој деликатес ќе бидете ставени на листа на чекање – од 8 до 10 недели поради огромниот интерес.

„Ова беше тешка година и пол за сите, и сега треба да се забавуваме“, рече Калдероне.

Извор: abc7NY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот