Носот ви е затнат, а не сте настинати? Не се во прашање респираторните проблеми

Фото Профимедиа

Кога ќе се појават какви било респираторни проблеми, повеќето луѓе веднаш помислуваат на настинка или на некој сличен здравствен проблем.

Како што известува „Хелт сентр“ (Health centre), понекогаш симптомите како затнат нос воопшто не се поврзани со респираторни проблеми, туку со дигестивни.

Лекарите објаснуваат дека во огромното мнозинство случаи, виновникот е всушност состојбата во која стомачната киселина се враќа во хранопроводникот поради зголеменото производство на желудочна киселина. Тоа е таканаречениот ГЕРБ, односно гастроезофагеална рефлуксна болест.

Главниот симптом на ГЕРБ е желудочната киселина, што често предизвикува акумулираната слуз од носот да тече директно во грлото. Заедно со затнат нос, оваа болест е и честа причина за хронична кашлица. Други симптоми што укажуваат на ГЕРБ вклучуваат:

проблеми со голтање
– болки во грлото
– засипнатост
– често подригнување и икање
– надуеност. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот