Норвешка се затвора од петок: Влез во земјата ќе биде невозможен, освен за исклучоци

Ерна Солберг / Фото: EPA-EFE/BERIT ROALD NORWAY OUT

Властите во Норвешка од петок ќе ги затворат границите за сите патници чие патување не е неопходно, изјави денеска премиерката Ерна Солберг.

Таа на прес-конференција рече дека границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка.

Солберг истакна дека ќе има исклучоци, како што се медицински работници од одредени земји, но додаде дека повеќето работници мигранти нема да можат да влезат во државата.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, во саботата воведе блокада во регионот околу главниот град Осло, откако се појави епидемија на британската мутација на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот