Ноле е неуништлив: Уште една недела на тронот, еве колку останува до рекордот!
Најдобриот светски тенисер се очекува да го надмине рекордот на Рожер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП-листата на 8 март следната 2021 година, односно му остануваат уште 19 недели.
Тогаш Новак Ѓоковиќ ќе има 311 недели, под услов секако да остане на првата позиција до тогаш. На секаков начин се обидуваат да го запрат српскиот ас, но овојпат тешко дека некој ќе го спречи во намерата да биде подобар од швајцарската тениска легенда.
Ѓоковиќ има 11,740 поени (уште една недела на врвот, севкупно 291 во кариерата), пред Шпанецот Рафаел Надал со 9,850, додека Доминик од Австрија е на третата позиција со 9,125.
Федерер во моментов е четврти на АТП-листата, следен од Стефанос Циципас, Данил Медведев и шампионот во Келн изминатиот викенд, Александар Зверев.
Андреј Рубљов се проби на осмото место по освојувањето на титулата во Санкт Петербург. Првата „десетка“ ја комплетираат Диего Шварцман и Матео Беретини.