Марија Реса од Филипини и нејзиниот колега Дмитриј Муратов од Русија ги одржаа своите нобелови предавања во Градското собрание во Осло / Фото: EPA-EFE

Нобеловиот медал на рускиот новинар Муратов продаден на аукција, парите за украинските деца

Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов вчера беше продаден на аукција за 103,5 милиони долари, а собраниот износ ќе биде наменет за помош на раселените украински деца.

Сумата ќе биде донирана во програмата на УНИЦЕФ за помош на раселените деца од Украина, соопшти аукциската куќа Херитиџ Окшнс (Heritage Auctions).

Муратов, главен уредник на Новаја Газета и остар критичар на Кремљ, минатата година ја подели Нобеловата награда за мир со филипинската новинарка Марија Реса. Признанието им го посвети на шестмина свои новинари кои загинаа поради својата работа.

Новаја газета на почетокот на март објави дека од својата веб-страница ќе ги отстрани материјалите за руските воени дејствија во Украина поради цензура, како одговор на заканите на Кремљ дека ќе ги гони новинарите и граѓаните кои не ја поддржуваат официјалната позиција на владата за војната во Украина.

Во видеото објавено од Heritage Auctions, Муратов рече дека освојувањето на Нобеловата награда „дава шанса да бидеш слушнат”.

– Најважната порака денес е дека луѓето разбираат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат, додаде рускиот новинар, посебно истакнувајќи ги „децата во бегалските семејства”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот