НОБ ја отвора новата сезона со обновената опера „Лидија од Македонија“

Национална опера и балет / фото: Википедија

Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја отвори новата сезона со изведба на обновената македонска опера „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски.

Режисер е Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Панче Минов, а костимограф Елена Дончева.

Во насловната улога на операта ќе настапи Наде Талевска-Спасовска. Игор Дурловски ќе настапи во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева-Талевска / Катерина Стојановска во улогата на Асиа, Александра Лазаровска-Василевски / Елена Голомеова во улогата на Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска-Мадевска во улогата на Дина.

Ќе настапат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година по нарачка на Македонскиот народен театар во чиј состав тогаш функционираше Операта. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.

-Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема, соопшти НОБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот