НЛО над Словенија го збуни пилотот: Во моментов кон нас свети силна светлина

Фото: Flickr

„Имам едно необично прашање, но дали можеби постои некој воен авион на приближно 40 или 50 милји од нас на позиција еден или два часа?“, ја прашал во саботата попладне пилотот на патничкиот авион на „ТУИ ервејз“, контролата на летање.

Авионот, кој полетал од аеродромот Ист Мидлендс во Велика Британија во 15:45 часот на пат кон грчкиот остров Родос, тоа попладне се нашол под сноп на силна светлина. Пилотот не можел да ја објасни таа појава, па побарал помош од контролата на летот, мислејќи дека можеби се работи за некое воено летало.

Меѓутоа, контролорот на летот немал никакви информации за воени авиони на таа позиција, а тоа што го опишал пилотот тешко би можело да се поврзе со некое земско летало.

„Во моментов, силна светлина блеска кон нас. Токму пред да ви се јавам, блескаше кон нас, а потоа одеднаш исчезна, па почна да трепка. Потоа светлината скокаше наоколу на небото за повторно да почне непрекинато да свети“, му раскажал пилотот на контролорот. Снимката од нивниот разговор ја објави порталот 24ur.com.

Токму минатата недела темата за НЛО се најде во најголемите светски медиуми поради одборот на американскиот Конгрес кој сослуша неколку сведоци, меѓу кои и Дејвид Фрејвор, поранешен командант на морнарицата, кој го раскажа својот случај од 2004 година, кој е сличен на овој словенечкиот.

И тогаш, објектот што го забележал се движел на начин што ги збунил пилотите, а американската војска го потврдила случајот дури во 2019 година, две години по објавувањето на снимката.

„Технологијата со која се соочивме беше далеку подобра од се што сме имале, што го имаме денес или сакаме да го развиеме во следните 10 или повеќе години“, рекол Фравор во текот на сослушувањето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот