Ураган

Њу Џерси прогласи вонредна состојба поради ураган

Ураганот што го погоди источниот брег на САД предизвика прогласување на вонредна состојба во американската држава Њу Џерси, додека бројни летови беа одложени или откажани поради поплави и силни ветрови.

„Најголемото влијание на ураганот ќе биде можноста за поплави, особено во областите од североисточна Северна Каролина до поголемиот дел од брегот на Њу Џерси“, изјави метеорологот Боб Оравек од Националната метеоролошка служба, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Силни врнежи и бура се очекуваат и во југоисточна Нова Англија, областа на Њујорк и долж брегот на Јужна Каролина. Вонредната состојба во Њу Џерси е во сила од сабота вечер и ќе трае до понеделник, при што се очекуваат ветрови со брзина до 97 километри на час и врнежи до 13 сантиметри дожд.

Големи бранови веќе ги погодуваат крајбрежните делови на источниот брег, предизвикувајќи ерозија на плажите. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за поплави и силен ветер за градот Њујорк, кои ќе бидат на сила до понеделник попладне.

Доцнења и откажувања на летови се пријавени на аеродромите од Вашингтон до Бостон, додека властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да се подготват за можни прекини на струја и поплави во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот