Ниту Јамал, ниту Рафиња: Се појави изненадувачки кандидат за „Златната топка“
Барселона го заврши настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона, ддека Пари Сен Жермен се пласираше во финалето, па сега Осман Дембеле изнанедувачки се истакна како прв фаворит за „Златната топка“.
Препорачано
Фудбалските статистичари проценуваат дека, ако ПСЖ успее да го освои трофејот во Лигата на шампионите, Дембеле речиси сигурно ќе стигне до престижното признание. Францускиот крилен напаѓач блеска оваа сезона, особено во 2025 година, постигнувајќи 33 голови и 13 асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања со просек кој покажува дека скоро секој натпревар дава свој голем придонес.
Иако ПСЖ веќе ги освои сите домашни трофеи, тие во светот на елитниот фудбал не се вреднуваат колку оние во останатите „пет големи лиги“. Сепак, евентуален триумф во Лигата на шампионите сериозно би го истакнал Дембеле во прв план предн еговите конкуренти.
Зад него на листата на кандидати следат младата ѕвезда Ламин Јамал, голманот Џанлуиџи Донарума, па Рафиња, Лаутаро, Кварацхелија, Салах, Педри, Мбапе, Даклан Рајс…
Веројатно многу работи би можеле да бидат појасни по финалето помеѓу Интер и ПСЖ кое е закажано за 31 мај во Минхен.


