Ништо од трансферот на Санталов во Вардар

фото: meshkovbrest.by

Дмитриј Санталов кој игра на позицијата лев бек, одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Мешков Брест со кој потпиша договор на три години.

Иако долго време се најавуваше неговото доаѓање, а истото го очекуваше и тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски, Русинот нема да направи трансфер во македонскиот и европски шампион.

Дмитриј Санталов кој игра на позицијата лев бек, одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Мешков Брест со кој потпиша договор на три години.

Неодамна за белоруската екипа потпиша досегашниот играч на Вардар, словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе. Санталов (24) претходно беше во Чеховски Медведи и со кој во Лигата на шампионите реализираше 184 голови.

Во клубот од СЦ „Јане Сандански“ остануваат досегашните најавени нови засилувања Робин Кантегрел, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски и Гоце Георгиевски.

На позицијата лев бек Вардар ги има нашиот репрезентативец Талески, како и германскиот интернационалец Кристиан Дисингер кој одлучи и во следната сезона да ги брани боите на Вардар.

Се очекува доаѓање на нов десен бек со оглед на тоа што таму моментно се наоѓа само Јагуриновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот