Ништо од Шкендија, Хасани ќе игра во Финска! (ВИДЕО)

Фото: kf shkendija

Ферхан Хасани (29) одлучи во новата сезона да настапува за финскиот клуб на ХЈК Хелсинки чиј спортски директор, Миика Такула, изрази задоволство поради трансферот.

– Еден разноврсен офанзивен фудбалер кој донесува квалитет. Може да игра и на крилната позиција, а исто така со скандинавско искуство играјќи за тимот на Брондби – вели Такула.

Иако летово се најавуваше дека би можел да се врати во Шкендија, а таква желба изразија и тогашниот тренер Ќатип Османи и дел од играчите, но на крајот не се одлучи за „кам-бек“.

– Навистина сум среќен што сум дел од составот на ХЈК. Моите очекувања се многу високи за наредната сезона – се зборовите на Хасани.

Во Шкендија ја започна професионалната кариера (2007-2012), а со тетовските „црвено-црни“ беше и во периодот од 2015-2018 година со учинок од 64 мечеви и 46 реализирани погодоци. Со екипата успеа по двапати да ги освои македонскиот шампионат и Купот, а еднаш и Суперкупот во натпреварувачката сезона 2010/11.

ХЈК е негов четврти странски клуб, претходно ги бранеше боите на Волфсбург (Германија), Брондби (Данска) и Ал-Ра`ед (Саудиска Арабија). За нашата најдобра фудбалска репрезентација имаше вкупно 38 натпревари и два голови реализирани против селекциите на Луксембург и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот