Нисан го продава уделот во Дајмлер за 1,15 милијарди евра

Според Нисан продажбата ќе овозможи „дополнително зајакнување и подобрување на деловна конкурентност, вклучувајќи инвестиции за промовирање на електрификација”.

Јапонскиот производител на автомобили Нисан објави дека го продава својот удел од 1,54 проценти во германскиот автомобилски гигант Дајмлер за околу 1,15 милијарди евра.

Според Нисан продажбата ќе овозможи „дополнително зајакнување и подобрување на деловна конкурентност, вклучувајќи инвестиции за промовирање на електрификација”.

– Индустриската соработка со Дајмлер останува непроменета. Двете групации продолжуваат да соработуваат во повеќе области, се наведува во соопштението на јапонската компанија.

Нисан за годинава предвидува нето загуба од 530 милијарди јени (4,8 милијарди долари) за фискалната година до март, што е пониска од претходната прогноза.

Нисан, кој е партнер на Рено и Мицубиши, ќе ги објави годишните резултати следната недела.

Во март, Рено објави продажба уделот од 1,5 отсто од акциите во Дајмлер, откако францускиот производител на автомобили забележа рекордна загуба во 2020 година, поради пандемијата со Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот