Фото: Промо

„Нина е последница на сите претходни девојки“: Немања Миловиќ премиерно вечерва во RESET

Во најновата епизода од поткастот RESET, ќе гостува Немања Миловиќ – фитнес тренер кој искрено зборува за дисциплината, личната трансформација и влијанието на минатите врски врз сегашниот живот.

Епизодата не е само за тренинг и физичка форма. Миловиќ открива како минатите искуства го обликуваат карактерот, како да се надминат лични кризи и зошто менталната сила е клуч за успех и во љубовта, и во животот воопшто.

Видео најавата можете да ја погледнете во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by reset (@resetchat)


Епизодата излегува вечерва во 20:00 часот на јутјуб-каналот на RESET.

Имено, RESET е поткаст посветен на менталното здравје, личниот развој и искрените разговори за животните предизвици. Стартуваше на 10.10.2025, на Светскиот ден на менталното здравје, со цел да инспирира, мотивира и да отвори важни теми што ретко се зборуваат гласно.

Следете ја нивната работа на платформите на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот