Николовски: Најдобрите македонски вина на „ВинИтали“

Љупчо Николовски, министер за земјоделство/Фото: Скриншот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил објави дека се е подготвено за претставување на нашето македонско вино на еден од најпрестижните саеми за вино „ВинИтали“.

-Меѓу 4 900 изложувачи, неколку стотици професионални купувачи и десетици илјади љубители на виното, на штандот „Wine vision by Open Balkan” ќе ги видиме најдобрите вина од Северна Македонија, Србија и Албанија. Со премиерот Ковачевски ја имаме честа да бидеме домаќини на нашиот штанд, на еден од најатрактивните саемски настани во Европа, наведува министерот.

На Саемот во Верона учествуваат 14 македонски винарии.

Николовски е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски во Верона, на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот