Николовски ќе биде вицепремиер за борба против корупција

Љупчо Николовски

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во новиот владин состав ќе биде вицепремиер за борба против корупција.

-Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава.

Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека можеме, напиша Николовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот