Николов: Тешко е да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство
Најдобрите македонски кошаркари продолжуваат со подоготкивте за двомечот со Литванија во квалификациите за Европското првенство.
Препорачано
Повратникот во националениот дрес Кристијан Николов пред дуелот истакна дека е штета што во првиот натпревар нема да може да сметаме на Ти-Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.
„Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Ги имаме Нено и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Допрва ќе ги анализираме и Литванците, знам дека и тие нема да бидат комплетни што ќе биде многу тешко за скаутинг, имаат и нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи“- вели „повратникот“ во нашиот национален тим.
Натпреварот во Скопје го играме во СРЦ „Кале“ в четврток со почеток од 18:00 часот. Македонија веќе одигра две кола во Групата Х, од која најдобрите два тима ќе се изборат за учество на ЕП 2025. Во првото коло, дома изгубивме од Естонија (69-74), а во второто како гости ја победивме Полска со 96-71.


