Александар Николоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Во Европа се плашат од конкурентноста на нашите транспортери

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека е во постојана комуникација со транспортерите и дека тие и со повисоки цени на горивата, пак имаат предност над своите европски колеги.

– Нашиот транспортен сектори има предности поради ниските даноци и релативно ниските придонеси. Јас сум разговарал со компании и ми било кажано дека ако превозот го прават нивни транспортери тоа би го чинело 300 до 350 проценти поскапо. Нашите транспортери имаат доста предности и во однос на цени за осигурување и регистрација – рече Николоски.

Според него, значајно поевтиниот транспорт што го нудат нашите транспортери е една од причините што сега им се случува со престојот во Шенген зоната.
Николоски кој присуствуваше на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, одговараше и на новинарски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот