Никола Тесла верувал дека овој појадок му дава сила: На 78 години се чувствувал како момче

instagram
Фото: Инстаграм

Големиот научник Никола Тесла многу внимавал што јаде и како вежба, бидејќи сметал дека е важно да остане активен што подолго.

Во својата книга „Моите пронајдоци: Автобиографијата на Никола Тесла“, навел дека обично појадувал млеко и јајца, ручекот го прескокнувал, а особено ја сакал супата од зеленчук.

„Најважниот елемент од мојата животна шема е мојата исхрана. Не можете да очекувате машината добро да фнкционира ако не ѝ обезбедите соодветно гориво“, велел Тесла, но, исто така, истакнувал и дека со текот на времето увидел дека два оброка дневно се сосема доволни.

„Два оброка дневно ми го подобрија здравјето и ми го заострија апетитот и вкусот. Не знаев каков е животот додека од исхраната не го исклучив ручекот. Денес, на 78-годишна возраст, уживам во своите два оброци во иста мера како кога бев момче од 16 години и немам никакви дигестивни проблеми“, пишува на веб-страницата „Тесла јуниверс“ (Tesla Universe).

Никола Тесла
Никола Тесла / Фото: NIKOLA TESLA MUSEUM / Sciencephoto / Profimedia

Супа од кромид и целер

Како што велел, за појадок сакал да пие млеко бидејќи е богато со протеини, и да јаде јајца, особено белки бидејќи и тие се богати со протеини. Сакал и ориз, но не и сирење.

„Зеленчукот е неопходен, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но ги регулира цревата, му дава на телото витамини. Сакам да изедам убава чорба од кромид и сечкан целер подготвена со многу путер. Оваа комбинација лесно се вари и ја јадам со години.“

Тесла го фалел и овошјето, а за шеќерот велел дека во мали количини не е опасен, со тоа што не смееме да заборавиме дека го има многу во овошјето.

Месо јадел двапати годишно

На прашањето дали е вегетаријанец или не, Тесла рекол: „Јадам месо многу ретко, еднаш или двапати годишно. Богато е со протеини, но рибата е речиси подеднакво богата со протеини и масти, а многу полесно се вари. Фосфорот што го содржи е одличен за нервниот систем. Но, фосфорот, иако го храни мозокот, предизвикува киселост во организмот. И месото и рибата ни даваат брза енергија. Овие намирници за луѓе со одредени професии се неопходни, иако ни го скратуваат животот поради нивниот состав. Сепак, додека сме живи, ни даваат многу енергија“.

А, еве што зборувал за спиењето

„Спиење? Јас ретко спијам. Потекнувам од семејство на долговечни луѓе кои се познати по тоа што не спиеле многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и ќе живеам барем 100 години. Моето неспиење не ме загрижува. Понекогаш отспивам по еден час. Повремено, сепак, на секои неколку месеци, спијам по 4 до 5 часа. Потоа се будам целосно наполнет со енергија, како батерија. По таква ноќ ништо не може да ме спречи. Тогаш чувствувам огромна сила. Нема сомнеж дека сонот е закрепнувачки, обновувач, давател на живот, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека тоа е неопходно за нечие здравје, особено ако се работи за некој што по навика малку спие“.

Последната фотографија од Никола Тесла направена во 1943 година

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот