Никола Илиевски-Џиџи заврши на клиника поради коронавирус

фото: Комити

Тренерот на Вардар, Никола Илиевски-Џиџи, денеска итно е пренесен на клиника компликации со корона вирусот.

Навивачите на „црвено-црните“ Комити, објавија дека Илиевски веќе една недела е позитивен на коронавирус, а со оглед на неговата возраст, тој спаѓа во категорија на граѓани и поради тоа денеска е пренесен на клиника.

„Во моментов поради компликации со корона вирусот, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар е префрлен на клиника. Му посакуваме добро здравје и што поскоро да се врати покрај тимот, и на Вардар да му го пренесе својот борбен дух. Ќе ни треба во натамошната борба за опстанок. Издржи Џиџи!“, објавија Комити.

Токму поради коронавирусот, Никола Илиевски-Џиџи нне го предводеше својот тим на неделното дерби против Шкендија (1:6).

Фото: Комити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот