Фото: РК Еурофарм Пелистер

Никола Граховац и следната сезона ќе игра за Еурофарм Пелистер

Во четвртокот ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека Никола Граховац потпиша нов договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28.

Кружниот напаѓач пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.

Заедно со македонските репрезентативци, Жарко Пешевски и Самоил Ристевски, се очекува да формираат огромен капитал на една од клучните позиции во ракометната игра.

Во изминатиот период, Еурофарм Пелистер објави дека следната сезона ќе играат и Пешевски и Словенецот Ник Хенигман.

Следниот натпревар играчите на тренерот Стевче Алушовски во домашниот шампионат ќе го имаат во Битола на 8 април против ГРК Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот