фото: Plivacki Klub Vardar 2018

Никола Ѓуретановиќ стана државен шампион во пливање во Македонија и Србија

Членот на пливачкиот клуб Вардар 2018, Никола Ѓуретановиќ неодамна оствари нешто што малкумина можат – стана државен првак во две држави, и тоа во рок од само неколку дена.

На Летното Национално Првенство на Македонија, Ѓуретановиќ беше прогласен за најуспешен јуниор, и за најуспешен пливач во апсолутна категорија, благодарение на најголем број освоени златни медали на првенството, вкупно три.

Веднаш потоа, Ѓуретановиќ настапи на Летното Првенство на Србија за јуниори и апсолутна категорија (50м базен, Белград).

Стана државен првак на Србија за јуниори, оставајќи зад себе двајца медалисти од неодамна одржаното Европско младинско првенство.

-Ова не е само личен успех, ова е победа за целиот тим, за нашите тренери, за ПК Вардар, за семејството, и за сите што веруваат во вистинската спортска приказна. Посебна благодарност до претседателот на ПК Бета Шаркс – Миро Крстевски, кој несебично го поддржува нашиот клуб и препознава вложен труд, работа и искрен успех! Миро, ти благодариме од срце! Никола, гордост си за сите нас! Продолжуваме понатаму мотивирани, посветени и обединети! – стои во објавата на Пливачкиот клуб Вардар 2018.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот