„Никој на светот не ме сака повеќе од него“: Меган Маркл во последното интервју зборува за бракот со принцот Хари
Меган Маркл се појави на насловната страница на „Харперс базар“, по повод новото интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за бракот со принцот Хари. Таа откри дека со текот на годините, како што вели, во центарот на медиумското внимание, научила да поставува јасни граници и да ја пронајде сопствената стабилност.
Препорачано
„Мислам дека моите граници станаа поцврсти. Со текот на времето, едноставно учиш различни начини да се заштитиш“, рече Меган. Секако, таа го спомена и Хари, кого од милост го нарекува „Х“, и истакна дека тој ѝ е најголема поддршка во сè што прави.
„Тој ме сака толку храбро, целосно. Има и поинаква перспектива бидејќи ги гледа медиумите како мене. Никој на светот не ме сака повеќе од него, па знам дека тој секогаш ќе се погрижи да ме заштити“, рече Меган, додавајќи дека голем дел од неговата привлечност лежи во неговата разиграност и детската зачуденост што ја носи во себе.
„Тоа ме привлече толку многу, а потоа истото тоа го разбуди и во мене. Таа разиграност се прелеа во секој дел од нашите животи. Дури и во деловните проекти сакам да играме, да се забавуваме, да истражуваме и да бидеме креативни“, рече таа.
Таа, исто така истакна дека оваа креативна енергија ѝ помогнала и професионално. Таа претпочита да работи од дома за да биде блиску до своите деца, шестгодишниот син Арчи и четиригодишната ќерка Лилибет, и вели дека денес многу поуспешно, но и полесно ги балансира приватните и деловните обврски.
„Ми се допаѓа што можам да ги правам и двете работи – да си играм со моите деца во дворот на нашата семејна куќа, но и да седам во првиот ред на модните ревии. Мислам дека во моментот кога ќе почнете да ги донесувате вашите одлуки според мислењето на другите луѓе, ја губите вашата автентичност“, рече Меган, која позираше на насловната страница на списанието без шминка и во минималистички стил.
Интервјуто доаѓа непосредно пред премиерата на нејзиниот празничен специјал „Со љубов, Меган“ кој пристигнува на Нетфликс на 3 декември.
„Имаше многу проблеми, дури и со името на брендот, но сè решавав во текот на процесот. Благодарна сум на сите што ми дадоа простор да правам грешки и да се пронајдам себеси, и што во тој процес научив да бидам понежна кон себе. Тоа е процес на учење“, додаде таа.
View this post on Instagram


