Влажни марамчиња/Фото: Berit Kessler / Panthermedia / Profimedia

Никако не користете марамчиња за чистење на овие површини, ќе ги оштетите и нема да можете да ги поправите

Во последниве години, марамчињата за дезинфекција станаа едно од најчесто користените средства за брзо одржување на чистотата во домот. Нивната практичност и достапност честопати ги прават прв избор за секојдневно бришење површини. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека сите марамчиња не се исти и дека нивната примена не е соодветна за сите материјали и површини во ентериерот.

Според зборовите на Дин Ф. Тансман, потпретседател за операции во компаниите „Дач харбир брендс“  и „А ворлд оф вајпс“, кој го консултирале на порталот „Саутерн ливинг“ (Southern Living), дезинфекциските марамчиња имаат јасно дефинирана намена и не треба да се користат универзално. Иако често се перцепираат како брзо и лесно решение, во одредени случаи може да ги оштетат површините или да остават несакани остатоци од хемикалиите.

Површини што не се соодветни

Поради составот на материјалот и чувствителноста на завршните обработки, дезинфекциските марамчиња не се препорачуваат за чистење на винил и природна гума, како ниту на кожени површини и дрвени подови. Тие исто така не се соодветни за справите за вежбање, даските за сечење, незапечатениот гранит, мермерот и дрвото, како ниту за површини на кои се подготвува храна. Посебна претпазливост е потребна и со детската опрема, како што се хранилки и глодалки за заби и цуцли.

Тансман истакнува дека правилната дезинфекција бара почитување на времето на контакт наведено на пакувањето на производот, кое обично е помеѓу 15 и 30 секунди. Површината мора да остане влажна во текот на целиот овој период за средството да биде ефикасно. Покрај тоа, сите површини што доаѓаат во контакт со храна мора темелно да се исплакнат со вода за пиење по дезинфекцијата за да се отстранат сите остатоци од хемикалиите.

Разликата помеѓу дезинфекциските и марамчињата за чистење

Една од вообичаените заблуди, предупредува Тансман, е изедначувањата на сите марамчиња за површини. Дезинфекциските марамчиња се формулирани за уништување на широк спектар на микроорганизми, додека марамчињата за чистење се наменети за отстранување на нечистотијата, прашината и маснотиите. Видливо извалканите површини најпрво мора да се исчистат за да можат дезинфекциските средства ефикасно да дејствуваат.

Експертите ја нагласуваат важноста на правилниот избор на средствата за одредена намена и предупредуваат против непотребната и прекумерна употреба на средства за дезинфекција во секојдневното одржување на домот.

Иако дезинфекциските марамчиња имаат свое место во одржувањето на хигиената, нивната употреба треба да биде таргетирана и внимателно ограничена. Во повеќето домашни ситуации, доволно е да се користат класични средства за чистење, додека дезинфекцијата треба да биде резервирана за површини и простори со зголемени хигиенски барања.

Десет работи на кои не треба да користите дезинфекциски марамчиња

– Винил
– Природна гума
– Опрема за вежбање
– Природна кожа
– Дрвени подови
– Даски за сечење
– Незапечатен гранит, мермер или дрво
– Површини за подготовка на храна
– Хранилки за бебиња
– Детски глодалки за заби и цуцли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот