Нигеријците ги продаваат своите домови за да си ги вратат киднапираните деца

Семејство од Нигерија/ Фото EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Откако вооружени лица му киднапирале седум од единаесетте деца, Абубакар Адам од Нигерија, го продал земјиштето кое го поседувал, како и својот автомобил, собирајќи пари за да може да си ги врати децата, пренесува Ројтерс.

Тој испратил 3 милиони наири (7,300 долари) заедно со останатите семејства од градот Тегина, чии деца биле киднапирани, до криминалците кои со месеци ги киднапираат децата во Нигерија.

„Живееме во агонија. Искрено, веќе ништо не ми остана.“ изјави за Ројтерс 40-годишниот Адам, кој е поправач на гуми. Тој уште не знае каде му се децата и што се случило со нив, откако пред три месеци се случи масовното киднапирање.

Криминалците имаат киднапирано преку илјада студенти од декември, а бројките секојдневно растат.

Претседателот Мухамед Бухари ги повика граѓаните да не им плаќаат на киднаперите, велејќи дека само ќе поттикне повеќе такви случаи. Одбранбените сили на Нигерија ги заштитуваат училиштата, но нивните напори да ги спречат киднаперите се неуспешни.

Илјадници родители се соочуваат со истиот проблем. Нигерија е сиромашна држава и покрај тоа што е најнаселената африканска земја. Луѓето продаваат се што имаат, вклучувајќи ги и домовите, само за да можат да си ги вратат своите деца.

Нов напад во улилиште во Нигерија, вооружени напаѓачи грабнале 140 деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот