Нигерија: Десетици ученици киднапирани од христијанско училиште
Вооружени лица во Нигерија киднапираа ученици од католичко училиште денеска во раните утрински часови, во најновиот напад откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воена акција поради третманот на христијаните во западноафриканската земја, објави Ројтерс.
Препорачано
Вооружени бандити киднапирале деца од училиштето „Света Марија“ во Агвара, централна Нигерија, соопштија денеска официјални лица што е втор инцидент со киднапирање за помалку од една недела, откако 25 ученички беа киднапирани во понеделникот.
Доналд Трамп се закани со воена акција поради целните убиства на христијани во Нигерија од страна на радикални исламистички групи, наратив што нигериската влада го отфрла.
Нигерија, најнаселената земја во Африка со 220 милиони жители, се соочува со жесток џихадистички бунт на муслиманскиот север веќе 16 години.
Терористичките организации како што се Боко Харам и Исламската држава се стремат да воспостават калифат, а нивната кампања, во која се вклучени и платеници, поттикнува масовни киднапирања и смртоносни напади врз христијани.
Католичката црква во областа извести дека „вооружени лица упаднале“ во училиштето помеѓу 1 и 3 часот наутро, киднапирајќи ги децата и нивните наставници и пукајќи во еден чувар.
По нападот на вооружени лица врз средно училиште во државата Кеби, во северозападна Нигерија, во понеделникот, во кој беа киднапирани 25 ученички, денешниот нападот дополнително го засили безбедносниот аларм во најнаселената земја во Африка.
Со години, тешко вооружени криминални банди, локално познати како „бандити“, ги интензивираат своите напади во руралните области на северозападна и централна Нигерија, каде што присуството на државата е ограничено, убивајќи илјадници луѓе и извршувајќи киднапирања за откуп.
Бандите имаат кампови во огромна шумска област што се протега на неколку држави, вклучувајќи ги Замфара, Кацина, Кадуна, Сокото, Кеби и Нигер, од каде што ги започнуваат нападите.
Државната влада соопшти дека училиштето ја игнорирало наредбата за привремено затворање на сите интернати во некои области, по извештаите за „зголемено ниво на ризик“ во делови од северниот дел на Нигер што се граничи со Кеби.
Државната полиција во Нигер соопшти дека специјални единици, заедно со армијата, биле распоредени во потрага по учениците.
Полицијата соопшти дека добила пријава дека „вооружени разбојници влегле во“ средното училиште и „киднапирале уште неопределен број ученици од училниците на училиштето“.
Тој додаде дека безбедносните сили „ги пребаруваат шумите со цел да ги лоцираат и спасат киднапираните студенти“.
Владата на претседателот Бола Тинубу претходно оваа недела соопшти дека безбедносните сили се ставени во состојба на зголемена готовност. Тој го испрати заменик-министерот за одбрана да ја предводи потрагата по ученичките од Кемби.


