Ниеден пациент на Инфективната клиника не е спасен по приклучување на респиратор

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На Инфективната клиника, за жал, не е спасен ниеден пациент кој што бил на респиратор, одговори на прашањето на ,,Слободен печат” директорката на клиниката доктор Милена Стевановиќ.

Оттука, препораката на светските центри кои имаат огромен број искуства и кои ги лекувале пациентите со механичка вентилација, се овој тип на третман да биде последниот обид во лекувањето.

-Не за жал не успеавме да извадиме пациенти од респиратор. И покрај тоа што кај повеќе пациенти кај кои практично беше санирано дишењето и беа ставени на спонтан режим на дишење, се случија други компликации поради кои пациентите завршија со смртен исход. Оттука, сметавме дека подобар е нашиот успех во работењето каде што механичката вентилација ќе биде како последен обид во третманите. Денеска, тоа е всушност и препорака од светските центри кои имаат голем број искуства и кои ги лекувале пациентите на механичка вентилација, рече доктор Стевановиќ.

Во врска со третманот со крвната плазма, индивидуалниот впечаток на пациентите е дека има подобрување.

-Ние ја даваме ковалентната плазма кај пациентите. Кај некои од нив личниот и индивидуалниот впечаток е дека има подобрување, но за да можеме научно да го ова кажеме, мораме да направиме поширока анализа на поголем број пациенти, додаде Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот