Ни претстои сончев викенд со студени утра

Фото: МИА

За време на викендот времето ќе биде сончево, но со ниски утрински температури. Од понеделник повторно се очекува зголемување на облачноста, а веќе во вторник и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до среда ќе бидат во пораст.

Утре минималните температури ќе се симнат до -10 степени, а во текот на денот температурата ќе достигне до максимум девет степени.

Студено утро ќе има и во недела кога се очекува температурата да падне до -12 степени, а максималната ќе се искачи до 12 степени. Веќе од понеделник и утринските и дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот