Незгоден момент на венчавката на Безос: Девојката на Леонардо Дикаприо го скина фустанот на луксузниот настан!
Виторија Черети (27), италијанска манекенка и девојка на Леонардо Дикаприо (51), откри дека за време на гламурозната свадбена забава на милијардерот Џеф Безос и неговата избраничка Лорен Санчез доживеала модна незгода.
Препорачано
На свеченоста што се одржа во саботата, Черети носела винтиџ фустан од познат моден бренд. Но, забавата очигледно била многу жива, па фустанот попуштил – од мала дупка на материјалот, настанал голем расцеп. Манекенката го документирала моментот на својот профил, споделувајќи фотографии со опис „како почна, како заврши“.

Еден ден пред големата забава, во петокот, Дикаприо и Черети присуствувале на самата церемонија на венчавката, што се одржала на островот Сан Џорџо Маџоре. Черети била облечена во елегантен црн фустан, а косата ѝ била собрана во ниска пунџа. Актерот, со кого е во врска од мај 2023 година, се појавил во класичен црн костум и капа.
Како што пренесува американскиот медиум „Пејџ сикс“, финалната забава на свадбениот викенд била вистински спектакл. Меѓу гостите биле бројни светски познати личности – Крис Џенер, Опра Винфри, Гејл Кинг, Мик Џегер и Сидни Свини.


