Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ благодарни до Холандија за поддршката за преговори со ЕУ

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ѝ се заблагодари на Холандија за вчерашниот позитивен заклучок за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија.

– Со голем интерес ја проследивме дебатата во вашиот Парламент и добрите пораки искрено ги вреднуваме. Свесни сме за потребата и понатаму посветено да се вложуваме за напредокот на нашата држава на патот кон Европската унија.

Од наше име Ви благодариме Вам како претставник на Холандија. Истовремено сакаме да се заблагодариме и на Вашиот претходник, НЕ г. Ваутер Пломп кој несебично се залагаше за унапредување на пријателството меѓу двете земји но, и беше гласен поборник за владеењето на правото. Владеењето на правото останува врвен приоритет кон кој ќе се стремиме, и ја очекуваме вашата поддршка. Добрите практики на Холандија, која е еден од светските предводници во однос на ова прашање, ќе ни бидат од корист. Нашата група има сериозен допринос во позитивните промени на реалноста, и воедно изразуваме благодарност за поддршката која ја добиваме. Очекуваме плодна соработка во периодот кој следува – се наведува во соопштението на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот