Незаконски сум разрешен, вели тетовскиот муфтија Ќени Несими

Фото: Слободен печат

Ќани Несими денеска пред седиштето на тетовското муфтиство при ИВЗ обвини дека Ријасетот и Реисот на ИВЗ незаконски го разрешиле од местото прв човек на тетовското муфтиство на одржаната седница на 8 ноември оваа година, а на негово место поставиле ВД муфтија. Тој образложи дека на седницата се прекршени повеќе точки од уставот на ИВЗ.

„Одлуката за именување на ВД Муфтија е спротивна на член 30 став 1 од уставот на ИВЗ кој вели: Неиздавање и повлекување на Мураселе го обврзува муфтиството во рок од 30 дена да предложи можни кандидати за муфтија. Истата незаконска одлука воедно е спротивна и на член 29 став 1 од Уставот на ИВЗ која гласи: Во Муфтиствата каде нема кадар според предвидените услови, се именува координатор. Поради тоа таканаречениот ВД муфтија кој е заложник на реисот Шаќир Фетаи нема никаков легитимитет и кредибилитет да се појави во муфтиството во Тетово и било какво преставување или делување од негова старана се смета за манипулација, лажно преставување и навреда за самото Муфтиство Тетово, и против истиот најавуваме и кривична пријава.“, рече тетовскит муфтија Ќани Несими.

Ток упати и низа критики до поглаварото на ИВЗ Шаќир Фетаи.

„Тој во ИВЗ создава тензична ситуација со цел да избегне да одговори на низа прашања како што се: Неговиот мандат по исполнувањето на законските услови за пензија. Негово јавно изјаснување дали бил соработник на УДБА, избегнување да одговори за самоволно организирање на аџилак, за измислениот пуч на полноќ на 21 мај 2023 година. Исто така тој треба да одговори и за силното полициско обезбедување околу него.Шаќир Фетаи наместо да даде отчет и да одговори пред Ријасетот за сите отворени прашања околу неговото незаконско работење, на ден 07.11.2023 преку надворешни лица од ИВЗ, највува свикување на седница на Ријасетот за 08.11.2023 год. без предходно да упати покани со дневен ред, воедно избегнувајќи да ги покани сите членови на Ријасетот. На ден 08.11.2023 год. писмено реагираше Муфтиството Тетово пренесувајќи едногласен донесен заклучок упатена до Ријасетот и Реисул Улема дека неповикувањето на Муфтијата на ИВЗ – Тетово е директен атак врз самиот основен уставен орган на ИВЗ, и спротивно на член 34 став 1 точка 2 каде е дефинирано членството на Ријасетот, меѓу другите член на Ријасетот со право на глас и на одлучување е и Муфтијата проф. Др. Ќани еф. Несими единствен легитимен претставник на Муфтиството Тетово.“, рече Ќани Несими.

Несими ги повика локалните и централните институции, но и странските амбасади да го разгледаат случајот со неговото незаконско разрешување, со цел како што рече да се испочитува уставот на ИВЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот