Невообичаен случај во село Врапчиште | Наместо телото на нивната мајка, од Инфективна добиле тело на непознат маж

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска ТВ21 објави дека се случил невообичаен настан во село Врапчиште. Имено, едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж.

Во изјава за ТВ21 семејството вели дека нивната мајка починала на Инфективната клиника во Скопје, а откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективна.

По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот