НЕВЕРОЈАТНО: Знаете ли зошто Тотенхем прими седум гола? (ФОТО)

footballace.org

Европскиот вицешампион има лош старт оваа сезона, а дебаклот против Баерн во Лигата на шампионите (2:7) само уште повеќе го зголеми гневот кај навивачите.

Приказната веднаш се прошири на социјалните мрежи, но нема никаква официјална потврда. Ваквата афера влијаела на формата на двајца познати играчи во тимот.

Се шпекулира дека односите во екипата не се добри, а според британските медиуми избиен е „секс скандал“, односно дека Јан Вертонген спиел со жената на Кристиан Ериксен, Сабрина Квист.

Покетино често ги остава на клупата, а инсинуациите околу скандалот во екипата се активираа уште во летниот период коа нивниот тогашен соиграч Киран Трипие рече дека во екипата се одвива „драма“ и дека околу тоа никој не сака да зборува. Да потсетиме, Трипие го напушти клубот и потпиша за Атлетико Мадрид.

Кристиан Ериксен и Сабрина Квист се во брак веќе седум години и воглавно си водеа мирен живот и далеку од очите на јавноста.

Сабрина, која од минатата година со Кристиан има син, учеше да биде фризерка, а после завршувањето на школувањето се пресели во Лондон. Ова не е прв скандал од ваков вид во Англија, веќе е познат случајот со Рајан Гигс кој со години спиел со жената на својот роден брат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот