НЕВЕРОЈАТНО: Обложувалници измислиле фудбалски натпревари и заработиле богатство

Голем број на обложувачи во Украина изгубиле огромна сума на пари откако неколку обложувалници направиле неверојатна измама во желбата да остварат профит кога спортот е во карантин.

Сосптвениците на обложувалници на своите играчи им понудиле натпревари од Азов Купот кој бил најавен преку фејсбук страниците, иако украинската влада забрани секакви спортски активности.

Како учесници на натпреварувањето се наведени екипите на Бердањск кој во полуфиналето „играл“ против Лозоватка и Таврија чиј противник наводно бил Мелитопол.

Обложувалниците дури и креирале лажна статистика за натпреварите кои никогаш не се одиграле, уште поневеројатно делува тоа што се исплаќани и добивки на тие обложувачи кои точно ги погодиле замислените натпревари.

Проблемот за измамниците настанал кога од обложувалниците во својата понуда не ги имале овие натпревари испратиле свои луѓе да проверат што се случува. Тие затекнале затворен стадион по што ја повикале полицијата.

Првичните проценки се дека обложувалниците кои го лажирале Азов Купот заработиле околу 100.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот