Јоханес Хесфлот Клебо/EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Неверојатниот Клаебо го oсвои и петтото злато во Италија

Јоханес Хесфлот Клебо испиша нова страница во олимписката историја, освојувајќи го десеттото злато во нордиско скијање на Зимски олимписки игри 2026 во Милано и Кортина. Со овој подвиг, Норвежанецот постави нов рекорд по бројот на златни медали во кариерата на Зимските игри.

Дваесет и деветгодишниот Клебо, во тандем со сонародникот Еинар Хедегарт, триумфираше во машкиот тимски спринт, што беше негово петто злато на Игрите во 2026 година.

Само неколку дена претходно, тој веќе го подобри рекордот со победата во штафетата на 4 х 7,5 километри, а сега дополнително ја зацврсти својата доминација.

Со пет злата од едни Игри, Клебо се израмни со легендарниот Ерик Хајден по бројот на најсјајни медали освоени на едни Зимски олимписки игри. Доколку слави и во саботната трка, ќе стане апсолутен рекордер и по тој параметар.

Во тимскиот спринт, среброто им припадна на Американците Гас Шумахер и Бен Огден, кои задоцнија 1,4 секунди зад победниците, додека бронзата ја освоија Италијанците Елија Барп и Федерико Пелегрино со заостанување од 3,3 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот