Неверојатниот Јапонец на 53 години потпиша нов договор

twitter/Football 24/7

Казујоши Миура е најстариот професионален фудбалер на светот.

Јапонецот Казујоши Миура кој во февруари ќе наполни 53 години го продолжи договорот со Јокохама. Миура е најстариот професионален фудбалер во светот, а наредната сезона ќе му буде дури 35. во кариерата и не планира да стави крај на својата кариера.


Тој минатата сезона имаше три настапи за екипата на Јокохама, но не предава и се надева дека во наредната ќе добие поголема шанса.

Миура во досегашната кариера има одиграно 754 наптревари на кои постигна 221 гол. Најголем дел од кариерата ја помина во Јапонија каде настапуваше за Кобе, Кавасаки Верди, Јомијури, Кјото, Јокохама, а има настапувано и за Џенова, Сиднеј и за хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот